Франција, Италија, Шпанија, Исланд и Луксембург изразиле подршка на Грција која наложи вето за приемот на Р. Македонија во НАТО на самитот што се оджува во Букурешт. На вечерата со која синоќа беше отворен самитот грчкиот премиер, Костас Караманлис, пренесувајќи ја позицијата на својата земја истакнал дека не се согласува со поканата за прием на Македонија во НАТО доколку „прашањето за името“ прво не биде решено.
Најсилна поддршка Грција доби од францускиот претседател Никола Саркози кој во своето обраќање рекол дека е солидарен со Грците и оти верува дека треба да биде најдено решение. „Имам унгарски корени, но исто така имам и грчки корени и целосно ги почитувам“, рекол Саркози.
Разбирање за грчките позиции искажале Унгарија, Словачка, Белгија, Холандија и Германија. Против ставовите на Грција застанаа Турција, Словенија, Чешка, Естонија и Литванија кои изразија безусловна поддршка за поканата за Македонија. Данска, Бугарија и Норвешка, иако во иста насока, беа поумерени, додека Канада, Велика Британија и Португалија не зазедоа никакви позиции.
На прес конференцијата што се одржа по вечерата со која формално беше отворен самитот во Букурешт, портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај изјави дека Република Македонија нема да добие покана за НАТО.Две од трите земји аспиранти ќе добијат покана додека Македонија ќе мора да почека нова прилика, рече Апатурај.Се очекувапремиерите и претседателите на Албанија и Хрватска денеска да го заземат своето место на пленарната седница на НАТО.
Г. Момироски