Франција – Хрватска ќе играат во финалето на Европското првенство во Австрија. Хрватска во финалето се пласира победувајќи ја Полска 23-21 (9-10). Чупич со шест погодоци беш најефикасен, додека Дувњак постигна пет голови сите во вториот дел. Кај полјаците најпрецизен беше Јурецки со седум погодици, чуварот на мрежата Шмал имаше 14 интервенции но и тие беа недоволни за пласман во големото финале.
“Триколорите“ во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на Исланд со 36-28 (16-14). Карабатич постигна девет, Гигу и Џули по шест погодоци додека голем удел во победата на репрезентацијата на Франција имаше и голманот Омејер со 15 интервенции.
Финалето Хрватска – Франција е реприза од мундијалското финале пред една година кое се одигра во Хрватска. Светскиот и олимписки првак Франција со евентуален тримуф во финалето на Европскот првенство ќе ги обедини титулите.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com