Актуелниот европски шампион Франција во полуфиналето на Европското првенство во ракомет за мажи што се игра во Норвешка ќе се сретне со Хрватска која во драматичен натпревар одигра нерешено против домаќинот на шампионатот 23:23. Тоа беше доволно „коцкестите“ по 6 пат во седмиот настап на ЕП да се најдат во полуфинале. Хрватска има олимписки и светски титули но никогаш не триумфирала на континентлните собири. Во меѓусебните дуели Франција води со 2:1 во победи.


Хрватите се пласираа во полуфинале на ЕП

Вториот полуфинален пар е Данска – Германија. Данците во одлучувачкиот натпревар немаа поголеми проблеми против Словенија и славеа со 28:23, додека Германија во извонредно возбудлив финиш ја совлада Шведска со 31:29.

Полуфиналните средби се играат во сабота во 15:30 и 18ч., а финалето е во недела. Во меѓувреме се играат и натпреварите за пласман на ЕП од што ќе зависи и нашиот притивник во баражот за пласман на СП во Хрватска 2009. Ждребката ќе се одржи на 27 јануари во Лилехамер.

ohridnews