Сенси бил претседател на фудбалскиот клуб Рома цели 20 години. Во првата фаза од претседателствувањето тој го спасил клубот од ликвидација.
Италијанците го сметаат за еден од последните претседатели кој во исто време бил и вистински навивач.
Под негово водство Рома го освои италијанското првенството во 2001 година и два купа, во 2007 и 2008 година и два суперкупа 2001 и 2007 година.