Во 4-то коло од Лигата на Шампиони на Сан Сиро се среќаваат седум кратниот првак Милан и девет кратниот освојувач на трофејот Реал Мадрид. Тренерот на “кралевите“ Хозе Мурињо е на добар пат да го освои третиот трофеј во најпрестижното натпреварување. Португалецот на титулата се радуваше во 2003 со Порто и во минатата сезона со италијанскиот Интер.
– Мурињо направи солидна екипа, предводена од Кристијано Роналдо, кој е најкомплентен фудбалер на денешницата. Можам слободно да кажам дека Реал Мадрид е фаворит број еден за титулата во оваа сезона – вели легендарната шестка на Милан, Франко Барези.
– Напаѓачите му се извонредни, во одбраната се осеќа “промаја“ – смета освојувачот на трофејот во 89, 90, 94 година Франко Барези. Цела фудбалска кариера италијанецот ја помина во дресот на “росо нерите“ настапувајќи на 531 натпревари притоа постигнувајќи 16 погодоци.
ohridnews