Актерот Арон Екхарт игра во новата екранизација на романот „Франкенштајн“, и ова книжевно чудовиште никогаш претходно не изгледало толку убаво. Арон е новиот Франкенштајн. Слободно може да се каже, сега згодното чудовиште, доколку може да се суди по официјалниот постер и фотографиите кои го најавуваат филмот “I, Frankenstein”.
Режисерот Стјуарт Бити очиглено не се придржувал кон она како Мерил Шери, авторката на романот, гледала на чудовиштето. Екхарт за медиумите рекол дека нема штрафови во вратот, но бил направен од делови на шест лешеви. Додал дека шминкаањето за улогата бил еден исклучително страшен процес.