Германија собра докази за воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител Питер Франк во интервју објавено денеска за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Главниот државен обвинител вели дека во таа насока е потребно меѓународно судење.

Во моментов, на пример, се фокусираме на масовните убиства во Буча и нападите врз украинската цивилна инфраструктура, изјави обвинителот Франк .

Досега, обвинителите имаат „трицифрен број“ докази , изјави Френк, без да наведе повеќе детали.

Украина и нејзините западни сојузници ги обвинуваат руските сили за злосторства во Буча, во близина на Киев, непосредно по почетокот на руската инвазија во февруари минатата година. Москва ги отфрла обвинувањата. Русија тврди дека цер на напдите се клучната инфраструктура во Украина, но негира дека цели врз цивили.

OhridNews