Францускиот амбасадор во Косово Оливие Геро изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ „ќе ги сносат последиците“ доколку не ги почитуваат договорите што ги постигнаа во Брисел и Охрид.
Внимателно ќе го следиме почитувањето на овие договори. Ќе има последици доколку не се почитуваат овие договори, треба да се знае дека тоа беше најдобриот можен договор, ние сме на пат кон нормализација и нашата цел е целосна нормализација, рече Геро во интервју за РТК, пренесе Бета.
Тој додаде дека нема да го разјаснува прашањето за употребените термини и дека нема нејаснотии или двосмисленост околу спроведувањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.
OhridNews