На Граничниот премин „Св.Наум“, вчера околу пладне, полициски службеници лишиле од слобода две лица од Франција, на возраст од 19 и 41 години.
При преглед во патничкото возило „рено твинго“ со француски национални ознаки, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Г.М.