Репрезентацијата на Франција во неизвесен и израмнет натпревар ја совлада Португалија попладнево во Осло и го освои трето место на 29 Светско првенство во ракомет.

Натпреварот беше решен во последната минута во која при нерешен резултат французите реализираа пенал, а Португалија не успеа да израмни во завршниот напад.

Во големото финале од 18 часот се среќаваат репрезентациите на Хрватска и Данска.

Г.М.