Името на Французинката Стефани Фрапарт ќе биде запишано во аналите во европскиот фудбал, откако УЕФА и додели доверба и задача да ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус – Динамо Киев, во рамките од петтата рунда во групната фаза од Лигата на Шампиони.

За Фрапарт ова ќе биде прв натпревар во ЛШ и прв за една дама во елитниот клупски фудбал во Европа. Сепак, за Фрапарт нема да биде ништо ново, бидејќи таа веќе има искуство во „машкиот“ фудбал. Претходно, 37-годишната судијка со знакот на ФИФА го судеше Супер купот на Европа во 2019 година, кога во Истанбул се сретна англиските ривали Челси и Ливерпул.

На Фрапарт на „Алијанц Арената“ во Торино ќе и помагаат Хикам Закрани и Мехди Рамуни, двајцата од Франција. Четврти судија е Абед Карим. Во ВАР собата се наоѓаат Милот Беноит и Вили Делајод, исто така од Франција.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Динамо Киев се игра в среда, со почеток во 20 часот и 45 минути.

OhridNews

 

Женска тројка ќе ја дели правдата во Супер купот на Европа