Изминатата неделеа во периодот од 4ти до 9ти октомври 2021 год. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше домаќин на групата  професори од колеџот „Жесе де Форе“ од Авен сур Елп ,Република Франција  и „Голвеј-Мајо“, технолошкиот институт од Република Ирска. Оваа посета беше на заедничка иницијатива на доц. д-р Климент Наумов, од катедрата за гастрономија при ФТУ-Охрид, познатиот француски шеф Кристоф Доверњ и професор на колеџот Жесе де Форе и проф. д-р Сара Берто од ГМИТ, одговорна за меѓународна соработка на институтот и професор по француски јазик.

Во рамките на француската делегација беа исто така Кристел Леруа, професор по менаџмент и шеф на одделот за меѓународна соработка и размена и г-дин Франк Део, заменик директор на колеџот Жесе де Форе. Во посета на ФТУ-Охрид од ирската делегација освен проф. Берто, беше и проф. Мери Рид, наставник по слаткарски вештини на институтот во Голвеј, Ирска.

Посетата на француската делегација започна на 4-ти октомври во Скопје при што  заедно со доц. д-р Климент Наумов остварија средба со Францускиот институт-Скопје. На средбата присуствуваа и г-ѓа Сузана Пешиќ, одговорна за јазична и универзитетска соработка, Кампус Франс и г-дин Бранко Чобанов, аташе за култура и помошник на директорот. На средбата беше дискутирано за можностите и начините за промовирање на француската култура низ призма на гастрономијата, а исто така и да се интензивира соработката со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, каде францускиот јазик се изучува како задолжителен на насоката гастрономија.

Во рамки на посетата се разговараше за идни можности за продлабочување на соработката преку размена на студенти и кадри. Посетителите следеа практичен час по подготовка на традиционална македонска храна од студентите од сите години на насока гастрономија. Дополнително,  гости беа шеф Момчило Цониќ , предавач по кулинарски вештини од академијата на Јужна Србија во Лесковац под чие менторство беше подготвена лесковачка мучкалица и шеф Димитар Арнаудоски од Охрид кој на студентите им одржа мотивациски говор и им даде совети за подобрување на кулинарските вештини, информираше Наумов.

Професорите и шефовите на кујна заедно подготвија традиционални специјалитети со кои ги воодушевија гостите, а со интервенција од шеф Кристоф беа подготвени и неколку француски рецепти со корисење на локалните производи од риба.

Студентите имаа можност да погледнат демо видеа за подготовка на ирски специјалитети со директно вклучување на проф. Имон Холт, предавач по гастрономски вештини и проф. д-р Франческо Ночи професор по биотехнологија. Подготовката на специјалитети од лосос и патка беа беше физички демонстрирана од страна на шефот Кристоф Доверњ во кујната на ФТУ-Охрид. Во рамкита на презентација на специјалитети , проф. Мери Рид демонстрираше подготовка на чоколадни десерти.

Делегацијата од Ирска и Франција преводена оствари средба со Ректорот на Универзитетот Св.„Климент Охридски“  Битола, проф.д-р Сашо Коруновски, на која се разгледаа можностите за продлабочување на соработката помеѓу трите институции во насока на промоција, не само на гастрономијата како дисциплина која се изучува на УКЛО, туку и во други области кои се заеднички. Се разговараше за тековните и идните заеднички проекти и облици на соработка, а пред се размена на студенти и наставен кадар. Гостите од Франција и Ирска ги придружуваше почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, додава Наумов

И последниот ден од посетата беше закажан за час на кој се презентираа специјалитети од страна на шеф Кристов во кујната на ФТУ- Охрид.

Инаку, Соработката со овие институции започна уште во 2017 година со иницијалната посета на шеф Кристоф на ФТУ-Охрид, за истата да продолжи во 2018, 2019 и 2020 година.

 

OhridNews