Престижниот француски весник „Л’Екип“, тврди дека следната дестинација на Жозе Мурињо ќе биде Франција, но се уште не се знае точно кој клуб. Весникот шпекулира дека најверојатно Мурињо ќе биде тренер на Лион, но во игра е и Монако.
Монако е помалку верна опција поради тоа што нивниот актуелен тренер Леонардо Жардим исто како и Жозе Мурињо е клиент на агентот Жорге Мендеш, па тој сигурно нема да сака да разочара некој од нив двајца на сметка на другиот.
Во последните месеци Мурињо често дава интервјуа во Франција и гостува во емисии, а неодамна изјави дека целта му е да освои и петто домашно првенство откако претходно триумфираше во Португалија, Англија, Италија и Шпанија.
Лион во моментов е трето место во Франција со четири бода заостанување зад вториот Лил и дури 24 помалку од ПСЖ.
OhridNews