Женската ракометна селекција на Франција е новиот шампион на Европа. „Триколорите“ до титулата стигнаа со победата над Русија 24-21 (13-12) во финалето на ЕП кое се одржа токму во Франција.
Французинките на задоволството од публиката во преполната сала во Париз ја надиграа Русија во секој сегмент. Во текот на мечот русинките три пати по еден гол разлика имаа водство, додека предноста на французинките достигнуваше и до три погодоци.
Двигатели на Франција до златниот медал беа поранешните ракометарки на Вардар, Александра Лакребре и Амандин Лејно. Десниот бек Лакребре беше најпрецизна со шест голови, додека Лејно имаше блескави настапи во текот на целото Европско првенство.
Во борбата за третата позиција Холандија ја совлада Романија со 24-20 и се закити со бронзениот медал.
OhridNews