Претставничката на Франција, Валентина Тронел со песната „J’imagine“ („Си замислувам”), победи на меѓународниот натпревар за детска Песна на Евровизија 2020. Финалето се одржа вчера во Полска преку видео-конференциска врска.
Според резултатите од гласањето на професионалното жири и публиката, песната доби 200 поени. Второто место го зазеде Казахстанката Каракат Башанова, а трет беше претставникот на Шпанија – Солеа.
Во финалето на натпреварот учествуваа млади таленти од 12 земји: Русија, Белорусија, Франција, Грузија, Казахстан, Малта, Холандија, Србија, Шпанија, Украина, Полска и Германија
OhridNews