Селекцијата домаќин на Европското првенство, Франција и репрезентацијата на Русија ќе се борат за златниот медал во финалето кое ќе се одигра в недела со почеток во 18 часот и 30 минути.
Французинките во 1/2 финалето ја совладаа Холандија 27-21, додека русинските славеа против Романија 28-22. Двата полуфинални мечеви многу неизвесност имаа само во првото полувреме, додека во второто разликата во квалитет излезе на виделина.
В недела финалната борба ќе најават поразените во полуфиналето во популарното „мало финале“ кое ќе се одигра во 14 часот, а дуелот за златен медал ќе започне во 18:30 часот.
OhridNews