Како што дознаваме, Фрај ја напуштил Македонија во петокот, еден ден пред вториот дуел со МЗТ Скопје. Фрај, кој две сезони го носеше дресот на Амак и беше еден од позабележителните поединци, заминувањето го оправдал со семејни обврски. Договорот со „езерџиите“ му траеше до крајот на сезонава.
Од управата на Амак велат дека тој сигурно нема да игра в среда на одлучувачкиот меч со МЗТ, по кој ќе се знае последниот полуфиналист.