Американецот Џарид Фрај беше клучниот играч во охридскиот тим кој ја предводеше екипата во серијата 14 – 1 која го заврти мечот со МЗТ во корист на домаќините. Фрај мечот го заврши со 18 поени 7 скока и една асистенција.

Токму Фрај беше играчот кој минатата година го имаше одлучувачкиот напад кој не го реализираа “белите“ по што следуваше пораз од скопскиот ривал.

– Минатата година не успеавме да го минеме МЗТ, но оваа сигурен сум дека ке поминеме. Уште една победа не дели од триумфот , само уште една победа.

М.П.