– Фрај има оток на ногата и нема да настапи вечерва – вели за ohridnews потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.
Не играњето на Фрај ќе биде голем хендикеп за охриѓани.
Американецот Џарид Фрај (198 см) мината сезона со просек 19.7 п беше најдобар стрелец во тимот, додека на натпреварите со Лашко имаше просек од 12 п, 5 ск и 1 асс.
Повредата на Фрај е сериозна и под знак прашалник е неговиот настап на реванш мечот за седум дена во Охрид.