Вечерва во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид беше отворена изложбата на фотографии чиј автор е покојниот македонски фотограф Атанас Талевски (1954-2008). Фотографиите на разни теми се снимени во неколку земји.
Изложените дела се од приватната збирка на фотографот и писател Мишо Јузмески кој одржа и пригодна беседа пред присутните поклоници. Во своето обраќање кон присутните, Јузмески даде краток преглед на развојниот фотографски пат на Талевски. На крајот, Јузмески на присутните им раскажа и неколку интересни анегдоти од дружењето и соработката со Талевски.
Изложбата е отворена до 25 март 2016 година.
OhridNews