Групна фотографската изложба посветена на убавината, силата и инспирацијата на жената, организирана од страна на Фото клуб Охрид по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми Март беше поставена вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

На изложбата на тема „Фрагменти на таа што создава“ беа изложени 38 фотографии изработени од 14 автори.

  • Посакувам секој ден да творите, да се дружите со било која од уметностите, да се пронаоѓате себе си во секој даден момент. Подарете си најмногу време за себе, рече Анета Вршкоска Јованоска, член на Фото клуб Охрид.

  • Како сликари и фотографи не се појавуваат само жените, туку и мажите. Ова го потенцирам од причина што можете да направите можеби да можеби не разлика на тоа како се гледаат себе си жените и како тоа го прават мажите. Мислам дека треба жената да се празнува во сите 365 дена бидејќи таа е навистина нешто возвишено, без жената можеби нема да постои светот. Ова е прилика и можност да се погледне како тоа се почитува, рече Ѓоко Симјаноски, член на Фото клуб Охрид.

Во име на Општина Охрид пред присутните се обрати претседателот на Советот Перчо Божиновски кој го изрази задоволството да се биде дел од вакви настани каде се празува и почитува жената, посочувајќи дека локалната и во иднина ќе поддржува вакви настани.

Секогаш уживам во фотографиите насликани од вашите членови и сум чест гостин. Како локална самоуправа секогаш ќе ја имате нашата поддршка за сите активности каде се промовира градот, нашето културно, духовно, историско наследтво, како и во духот на празникот каде се промовира жената, зошто само со силни жени и силно општство ќе имаме и силен град и силна држава, рече Божиновски.

Во рамки на настанот претседателот на Фото клуб Охрид, Димче Коруноски врачи донација на Црвен крст Охрид која ја прими претседателот Сашо Точков. Станува збор за фотографии од претходната изложба која беше поставена за Водици подарени со цел да бидат искористени во хуманитарни цели.

Изложбата беше реализира под покровителство на Фото сојузот на Македонија и финасиски поддржана од општина Охрид.

Фото галерија:

„Фрагменти на таа што создава“

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска