Во понеделник, 7-ми октомври, во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде отворена фотографската изложба „Ние припаѓаме Овде: Животот, луѓето и природата во прекуграничната област“.
Настанот кој се оддржува во рамките на прославата на Денот на европска територијална соработка 2013, е во организација на Министерството за локална самоуправа, Оперативна структура на ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Грција, во соработка со Управувачкото тело и Делегацијата на ЕУ.
Изложбата ќе биде отворена до 14-ти октомври, од 8:00 до 20:00 часот.
OhridNews