Групна изложба насловена “Нешто Сино” во рамки на проектот “Зелена младина – Зелена иднина” беше поставена вчеравечер во Куќа на Робевци.
Посетителите имаа можност да погледнат подводни фотографии на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид и ликовната изложба на младите таленти од OОУ „Григор Прличев”, Охрид и ООУ „Св. Климент Охридски“, Охрид.
Нурнете во нешто сино, порачуваат организаторите.
Изложбата ќе биде поставена до 5 април во Куќа на Робевци.
Инаку, Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, која е финансирана од Европската унија, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации. Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.
Фотографска и ликовна изложба „Нешто сино“
OhridNews