Австралискиот ноќен папагал кој скока како кенгур и кој не бил виден жив повеќе од еден век, бил фотографиран на место кое се држи во строга тајност. Научникот и посматрач на птици Џон Јанг, кој ја фотографирал птицата, исто така и го снимил звукот кој тој папагал го испуштал. Меѓутоа, тој по никоја цена не акал да открие каде ја видел птицата. Рекол дека според него најлошо нешто би било кога би дозволиле луѓето да се приближат до местото каде се наоѓал папагалот.

Научниците малку знаат за ноќниот папагал и го сметаат за една од најмистериозните птици на светот. Папгалот е мала зелено-жолта птица со кафени и црни точки на себе. Преку ден се криел во трева, а ноќе имал активен живот. Во 2012 години бил сврстен во критично загрозените врсти.