Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од Свети Николе и 31-годишен охриѓанец.

  • На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се  избирале  манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари а потоа им ги фотографирале и личните документи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт но и како банер на страна на интернет, кој бил креиран за остварување контакти.