Џон Форес, работник кој е одговорен за рушењето на едно основно училиште во Јоркшир, откако ги фотографирал тековните зафати на градилиштето забележал дух на момче старо околу осум години. Децата и претходно кажувале дека зградата е проколната, но никој не им верувал. Духот го забележал дури откако фотографиите ги префрлил на компјутер.
Тврди дека не ги преработувал фотографиите, а момчето може многу јасно да се забележи. Чуварот во училиштето, Гордон Бредшоу знае за приказните за духови во тоа училиште, но рекол дека никогаш не забележал нешто слично. Случајот ќе биде подетално проучен од здружението за паранормални појави.