Иако фотографијата, со големина седум на седум сантиметри, на дебела манекенка била во самиот агол на страницата на часописот Гламур кој има 194 страници, предизвикала големо воодушевување кај читателите. Главната уредничка Синди Леиве почнала да размислува за селекција на моделите во своето списание.
Манекенката поттикнала дебата дали природните тела во часописите се нормални. Моделот, 20-годишната Лизи Милер е далеку од идеалните убавици од насловните страници. Со своите 180 сантиметри височина, има малку повеќе од 80 килограми. Во слободно време игра стомачни танци и е горда на своите гради.