Фотографиите од медениот месец на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се објавени во јавноста и предизвикале контроверзии. Кралицата пак, е бесна поради нивното објавување, а младенците се доста вознемирени.
Кралскиот пар медениот месец го поминал на сејшелските острови. Тие сакале медениот месец да биде нивна интимна работа, време во кое ќе имаат своја приватност и ќе можат непречено да уживаат, па плановите се правеле во тајност и Кејт до последниот момент не знаеле каде одат, се додека не пристигнале на Сејшелите.
Иако новинарите знаеле каде ќе одат, фотографите им ветиле дека ќе ги остават на мир. Но, тоа ветување некој го прекршил. Крајбрежната стража постојано со глисери кружела покрај островот за никој да не им пречи, некој сепак успеал да ги фотографира додека шетале по песочната плажа во костими за капење држејќи се за рака, а судејќи по пишувањето на странските медиуми, постојат десетици други фотографии на кои Кејт и Вилијам се капат и разменуваат нежности.
Фотографијата додека се шетаат по плажата ексклузивно е објавена на насловната страница од австралиското списание Woman’s Day. На авторот од фотографијата ова списание му платило 1 милион долари.
Кога дознале дека фотографии од нивните интимни моменти се објавени во списанието, Вилијам и Кејт биле “изненадени и вознемирени“, а кралицата била доста бесна. Кралското семејство овој издајнички чин го смета за нарушување на приватноста. Сепак, британските медиуми сеуште се држат до договорот и не објавуваат вакви слики, што не важи за останатите светски медиуми.