Познатата фотографија на која членовите на групата Битлси минуваат преку пешачкиот премин на улицата Еби Роуд во Лондон била продадена на аукција за нешто повеќе од 25 илјади долари, пренеле британските медиуми. Фотографијата која ја снимил Ијан Мекималан и чија почетна цена изнесувала околу 14 илјади долари, била продадена на непознат купувач на аукција која ја организирала аукциската куќа Блумсбери.
Фотографијата настанала така што во август 1969 година фотографот застанал покрај патот како би ја фотографирал четворката од Ливерпул како ја минува улицата, за насловната страна на нивниот познат албум “Abbey Road”. Самото фотографирање траело десет минути, а за тоа време полицаец го задржувал сообраќајот. Фотографијата која се нашла на аукција е една од шесте кои биле снимени тој ден.