Мила Кунис во бело. Првата помисла е конечно се омажила за Ештон. Но, сепак не било така. изгледале среќно и задоволно на венчавката на нејзиниот брат Мајкл кој ја оженил балерината Александра Блекер во катедралата сент Питер на Флорида. Иако овој ден по се им припаѓал на среќните младенци, Мила и Ештон секако била едни од најинтересните гости.

Акетрите трпеливо позирале со родителите и роднините на Мила, а речиси и не постоел некој кој не сакал да се фотографира со нив. Овој славен пар постојано е на мета на медиумите кои сакаат да видат нивна свадба и да ги видат во родителска улога. Така постојано се нагаѓа кога ќе биде свадбата, дали Мила е бремена и слично. Со оглед на тоа дека убаво и прилега белата боја, веројатно американските медиуми сега уште повеќе ќе сакаат да ја видат во венчаница.