Џин Наполс објавиоа фотографија на Фејсбук во када полна со пари. Истовремено нејзината мајка се истражува поради еден од најголемите корупциски скандали на Филипините, јавуваат странските медиуми. Ким Хенарес од Уредот за интерна ревизија рекла дека читаат весници и го следат интернетот, па на тој начин дознале за неа. Тие откриле дека нејзината мајка, бизнисменка, им помогнала на членовите на филипинскиот парламент во проневера на 230 милиони долари преку државните фондови.
Ова бил еден од најголемите корупциски скандали во таа земја, а меѓу обвинетите е и поранешната претседателка Глорија Аројо. Тоа предизвикало и масовни протести. Џин набрзо по објавувањето на фотографијата го угаснала профилмот на друштвената мрежа, но фотографијата се раширила насекаде. Го навлекла бесот на нејзинире сограѓани кои сметаат дека повеќето филипински семејства се збогатиле на нечесен начин.