Поради фотографија на вереницата со прстенот на аеродром, даночната служба ќе тропне на вратата на актерот. Амал Амалудин и Џорџ Клуни се вериле неодамна додека престојувале во Италија, а британските папараци со нетрпение ја чекале убавата адвокатка да се врати во родната Британија, пренесуваат медиумите. Амал после веридбата пристигнала во Лондон, каде на аеродромот Хитроу го покажала прстенот кој го избрал Џорџ, вреден 415 илјади фунти.

Папараците го фотографирале не само прстенот, туку и Амал како минува низ влезот за патници кои немаат што да пријават на царина. Меѓутоа, прстенот вреден речиси половина милион фунти морала да го пријави. Медиумите јавуваат дека поради тоа Клуни ќе мора да плати ДДВ и царински трошоци, што се заедно ќе изнесува четвртина од вредноста на прстенот, односно околу 100 илјади фунти. Преставниците за медиумите на Џорџ и на адвокатката не се огласиле по повод оваа приказна.