Благодарение на фотографиите објавени во „OhridNews“ необичните “елшански” туристи од Берлин, за кои пролетта пишуваше Димче Донески, станаа популарни во Охрид и чаршијата.
Авторот на сторијата која привлече големо внимание во јавноста, деновиве ги сретнал соговорниците повторно во Охрид. Во разговор им кажал дека го објавил ветеното, на што тие одговориле: „очигледно, бидејќи сите не препознаваат …и ни се смешкаат. Некои разговараат, а некои ги гледаат само кучињата!“
Авторот на сторијата Донески со популарните туристи од Берлин
Ева и Виктор Милер од Берлин, Германија, во Охрид допатуваа со тројца необични придружници – кучиња – транспортери: Ива, Ида и Бјорн кои натовартени со различни камперски и туристички потребштини ги следат своите сопственици.
Мај 2015 во Елшани
Туристите со своите верни кучиња во Охрид остануваат уште денеска, а овој пат престојувале во стариот дел на градот.
OhridNews
Фото: Дим Дон