Изложбата е помогната од хеликоптерската единица на МВР, Александар Дончев, Македонска алпинистичка федерација, Македонска асоцијација на интернационални водачи во планина и охридскиот Црвен крст.
Крунослав Аџиевски од 2000 година работи во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Најпрво работел во секторот за форензетика, а во моментов работи во одделот за судска медицина. Тој е член на алпинистичкиот клуб Матка, на Македонската алпинистичка федерација, на Македонското здружение на Меѓународни планински водичи.
Исто така, Аџиевски е и инструктор за скијање, член е на Вертиго Параглајдинг клубот. Работи како дел од тимот за планиско спасување на Кожув, како и во тимот за планиско спасување при Црвен крст – Охрид.
Уметничката поставка на “ Мостот на желбите” ќе имате можност да ја видите до 15 август.