Венчавката на една од најуспешните манекенки, Кејt Мос, била очекувана како најмодната венчавка досега, а невестата која носела венчаница на Галијани ги оправдала сите очекувања. Фотографии од венчавката излегле и во модното списание „Вог“. Ги направил познатиот фотограф Марио Тестино за септемвриското издание на списанието, а манекенката која се омажила за Џејми Хинс на фотографиите изгледала совршено.


Марио Тестино бил фотограф и на нејзината венчавка, а манекенката која зад себе има 20 години искуство се фотографирала со сопругот под дрво во страсна поза. Втората фотографија која била објавена во списанието е фотографија од нив двајца како седат во лимузина, а објавена била и фотографија на Кејт со нејзината ќерка Лила Грејс.