Вечерва во 19 часот во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложба на фотографии од патешествијата на А. Ден Долард низ Македонија и Охридско.
Иаложбата ја организира Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ во рамки на „Научно и уметничка визита – 2015″.
Според најавите, на изложбата ќе бидат пртставени околу 60 дела на големиот пријател на Охрид и Македонија, кои за прв пат ќе бидат изложени пред очите на јавноста.
Изложбата ќе ја отвори академик Милан Ѓурчинов.
OhridNews