Презентацијата на одредени фотографии од градот Охрид од авторот Ги Фулон во Охридскиот архив. „Ги Фулон сам на мотор тргнува од Франција за Балканот во далечната 1954 година, а во 1955 година го посетил градот Охрид каде фасциниран од природните и културни убавини започнува со негово фотографирање“, велат од Охридскиот архив.

Денес благодарение на неговата љубов кон градот, поседуваме прекрасни фотографии кои сведочат за магичните убавини на Охрид. Самата презентација има двострано значење. Сите посетители на Охридскиот архив ќе може да уживаат во прекрасните фотографии но и посетителите кои ќе дојдат да ги согледаат фотографиите да го видат нашиот архив и подобро да се запознаат со нашата дејност, велат од архивот.

Колекцијата на Ги Фулон, познат француски фотограф, е предадена на чување во Охридскиот архив благодарение на Петар Боев.

OhridNews