Охриѓанецот Александар Ковачески со три фотографии ќе се претстави на меѓународната изложба за избор на фотографија  на годината, што во средината на месец  јуни ќе се одржи во Белград, соседна Србија. Меѓународниот конкурс за избор на фотографија на годината по петти пат го распишува српската новинска агенција „Бета“.

Учесниците се активни фото репортери кои ќе учествуваат со најмногу три фотографии кои се сликани во период од  март 2007 година до 21 април, годинава. Меѓународно стручно жири ќе одлучува кои три фотографии се најдобри и како такви парично ќе бидат наградени.

Минатата година првата награда ја понесе фото репортерот на дневниот весник “Дневник“, Слободан Ѓуриќ.


фотографиите со кои Ковачески ќе се претстави во Белград

Ангела Белевска