Илјадници негативи на Мерлин Монро и други ѕвезди кои ги фотографирал Милтон Грин биле продадени на аукција за 1,8 милиони долари. Неговата архива содржела 3700 негативи само на Мерлин Монро, а целиот материјал бил продаден со право на користење. Аукциската куча сооптила дека меѓу „ѕвездите“ на аукцијата биле колор фотографии на холивудската сирена со лоренс Оливие од филмот „Принц и танчерка“, кои биле продадени за 42 илјади долари.
Група негативи на Мерлин Монро од филмот „Автобуска станица“ отшила за 39 илјади долари. Продавач бил американскиот фото колекционер кој колекцијата ја купил пред десет години од доверителите на Грин. Идентитетот на купувачот не бил откриен. Како своите современици Ирвин Пен и Ричард Аведон, Грин е ценет поради подигнување на статусот на модните фотографии на ниво на уметност.