Педесеттина непознати фотографии од првиот концерт на Битлси во Америка од 1964 година, биле продадени за повеќе од 360 илјади долари на лицитација во Њујорк, соопштила аукциската куќа Кристи. Тоа била колекција од 46 црно-бели фотографии кои ги снимил Мајк Мичел.


Од Кристи навеле дека не очекувале повеќе од 100 илјади долари за фотографиите од времето кога Битлси треската ги зафатила САД, на 11 февруари 1964 година на концертот во Колосеум во Вашингтон, на кој присуствувале 8000 луѓе.