Британецот Ричард Хикс од Ексетер со забавена камера успеал да го сними пукањето на балон од сапуница. Едната половина е сеуште совршено формирана, додека другата се распаѓа во каректеристична низа од линии. Фотографот изјавил дека би било прекрасно ако успее да се сними и звукот на пукањето на балончето, па да се пуштат синхронизирано со сликата.
Неговата сопруга Сара го позајмила прстот со кој го пробила балончето. Ричард користел специјална камера и чекал совршени временски услови за да го улови моментот. Тврди дека фотографијата е вистинска и дека не е компјутерски модифицирана.