Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски во рамки на проектот за пренуркување на Охридското Езеро, кој беше реализиран во текот на изминатите три месеци, направил голем број подводни фотографии и видеоматеријал од живиот свет, археолошките остатоци и конфигурацијата на дното.
Праисториска камена секира
Охридски тркалезен сунѓер
Цветање на алга
Европски слатководен рак
Мотор на потонат авион
Секулоски изработил и целосна документација за секое нуркање и трасите ги обележал со ГПС-уред. Тој водел и дневник со податоци за места, длабочини, температура на вода, извори и други аспекти што би можеле да бидат привлечни за научниците.
Извори Св. Наум
Праисториски чамец – Моноксил
Питос
Слатководен крив рак
Секулоски со тимот
Во текот на пренуркувањето, снимени се и местата што претставуваат еколошки проблем, а за истите се собрани детали според кои може да се изработи карта со точки загадени со цврст отпад, како и други слични материјали што ја нарушуваат природната рамнотежа на езерото.
Јагула
Подводни извори
Потонат брод кај Струга
Релјефно дно
Слатководни сунѓери
OhridNews