Фотоапарат „Leica“ од 1923 година бил продаден во саботата на аукција во Виена за рекордни 1,32 милиони евра, со што на изненадување на експертите станал најскапиот фотоапарат на светот. Вредноста пред аукцијата била проценувана на 350 до 450 илјади евра. Го купил анонимен колекционер од Азија, објавила куќата која ја организирала аукцијата.
Овој фотоапарат бил еден од серијата 25 прототипови направени 1923 година, две години пред таа славна германска компанија да почне да ги произведува комерцијално. Денес продадениот примерок бил испратен во Њујорк поради патентирање, и со тоа станал првата извезена „Leica“. Претходниот рекорд за најскап фотоапарат го држел „Dagerotip“ од 1839 година со редок потпис на неговиот изумител, кој минатата година на аукција бил продаден за 732 илјади евра.