Единствениот фотоапарат на НАСА, кој астронаутите од мисијата Аполо го вратиле на земјата по престојот на Месечината, бил продаден на аукција во Виена за 550 илјади евра. Сребрениот фотоапарат, кој можел да се прицврсти на предниот дел на оделото на астронаутите, првобитно бил проценет на 200 илјади евра. Апаратот “Hasselblad Lunar Module Pilot Camera” му припаѓал на астронаутот Џим Ирвин кои со него направил 299 фотографии за време на мисијата Аполо 15, во летото 1971 година.
НАСА испратила вкупно 14 фотоапарати на Месечината за време на мисиите Аполо 11 до 17 помеѓу 1969 и 1972 година, но само еден се вратил на Земјата, најверојатно поради тоа што филмот се заглавил. Со оглед на тоа што тежината била една од главните преокупации на овие патувања, фотоапаратите, кои тежеле по неколку килограми, по правио, биле оставани на Месечината како астронаутите би можеле да донесат што повеќе лунарни примероци, пренеле австриските медиуми.