На мечот во Охрид меѓу Младост и Шкупи во рамките од осмата рунда во Првата лига на трибината каде се наоѓаа навивачите на домаќините и гостите зовреа страстите и малку фалеше да избие поголем инцидент.


Во текот на навивањето двете групи си разменија по неколку недолични пароли по што веднаш настана мешаница која по брзата интервенција на охридската полиција не кулминираше.


Навивачите на Шкупи беа префрлени на другата страна од трибината и сите ги насочија погледите кон теренот каде се водеше жестока битка за бодовите.

Ohridnews