Претседателот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, попладнево е во работна посета на Охридско-струшкиот регион.

Тој најпрвин се сретнал со членовите на локалното раководство во Охрид на кафе во центарот на градот, а во моментов е во посета на огранокот на Струга.

Според најавите Заев вечерва ќе го посети кампот на младите социјалдемократи што се одржува во хотелот „Десарет“, каде се очекува да има свое обраќање.

OhridNews