Група планинари и извидници од Охрид, деновиве, уживаа во зимските пејсажи и убавините на планината Петрино. Движејќи се кон црквата Св.Атанасиј тие имаа можност да ги видат и замрзнатите водопади на реката Сушица, како што велат, глетка што навистина воодушевува.

Зимата и снегот воопшто не се пречка за бројните љубители на природата кои секоја прилика ја користат за рекреација и да уживаат во убавините на планините кои го опкружуваат Охрид.

OhridNews

Фото:Борче Матески