Големите бранови и надојденото езеро се покажаа пресилни за Мостот на желбите кој не го издржа првото поголемо невреме. Под налет на “југот“ попушти дел од дрвената пешачка патека, која во употреба беше ставена минатата година. Проектот за кој  надлежните од охридската „Капетанија“ тврдат дека е реализиран  без потребните дозволи, финансиски го поддржа фондацијата „Рамковски“.

Покрај Мостот на желбите уништена е и природната патека која водеше до населбата Канео, а оштетена е и инфраструктурата на плажата „Потпеш“.



Ohridnews
фото: П. Рилков