Доколку поминувате од кај влезот на Летната сцена Долни Сарај и сакате да да се спуштите веднаш позади црквата Св. Софија, ќе треба да поминете низ едно “патешествие”. Скалите по кои, тука треба да се помине, се обраснати со трева и се толку оштетени и искршени што симнувањето по нив е вистинска “авантура”. Покрај тоа што ја загрозуваат безбедноста на минувачите, тие преставуваат лоша слика за стариот дел од градот, кој многу често го посетуваат туристите.


Запуштени скали

Е.Е.