Со меѓусебно запознавање, доделување на пакетчиња и поделување по групи по возрасни категории, со откривањето на филигранските тајни со Марта Пејоска и слободното цртање на графити во боја и креативна изработка на фугури од глина со Катерина Слатинова започна Вториот летен спортско-едукативен камп во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

Првите впечатоци на гостите од српскиот град Крагујевац, македонскиот Скопје и домашните учесници беа добри, што им дава мотив повеќе на организаторите за деновите кои следуваат на кампот.

Во вториот ден 150-те учесници на кампот во раните утрински часови ќе ја искачуваат планината „Галичица“, а во послепладневите ќе бидат посетени од Директорот на Македонскиот Олимписки Комитет, Владимир Богојевски и од преставници од Битолската Млекара. 

Фото галерија:

Мх.П.